-->
-->
„Велешка питијада 2017“ по 14. пат
-->
Во Велес вечерва на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес започнува 14. по ред „Велешка Питијада 2017“ што ја организира Општина Велес во соработка со велешките кафеани, ресторани, кафетерии и винариите од Велес и регионот.
По отворањето, на кое и годинава ќе настапат најмалите децата од велешките градинки и Балетските студија „Анабела“ и „Црни мачиња“ вечерва на првата фестивалска вечер ќе настапи Оркестарот „Александрија“ група „Стакато“ Чалгија Саунд Систем, Коктел Бенд и Моими Јовановска, Анастасија Петреска и Џамбо Агушев и оркестар Агушеви.
Утревечер свој настап ќе имаат Конективе Бенд, Карамба бенд, Група Виуртус, ДНК и Здравко Чолиќ.
Во недела вечер ќе настапат RNB Neighbors Cyclone, Сифоник, Чикс, Група Соната, Тамара Тодевска, Суперхикс и за крај групата „Рибља чорба“.
Инаку по традиција на годинашната Питијада 2017 во Велес утревечер во 18 часот ќе се сече џиновската пита пастрмајлија, која ја подготвуваат велешките пекари и е за Гинисовата книга на рекорди, а ќе има и други занимливости за посетителите.
Велешката пита пастрмајлија која се подготвува со свинско и овчо или козјо солено месо - пастрма полиена со јајца, во Велес е долга и трае од 1862 година. Низ годините ја подготвувале велешките домаќинки и фурнаџии, а и денес се подготвува во велешките домаќинства и е главен бренд на велешките кафеани и ресторани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Над 20 осомничени
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Мицкоски: Само 12 ноќни клубови легално работат во државата, се ќе затвориме
-
Расте бројот на повредени во дискотеката во Кочани кои се хоспитализираат
-
Во 9 странски држави хоспитализирани повредени од пожарот во Кочани