Македонија
15. August 2015 - 17:13

Велешани ограбувале мигранти во Гевгелија

Велешки разбојници ги демнат мигрантите од сирија.. со намера да ги ограбат, постојано се на местата каде може да се затекнат бегалците.. во средата вечерта, двајца велешани на возраст од 24 и 27 години, цела ноќ барале мигранти во градот.. првиот обид завршил неуспешно.. околу 23 часот со автомобил пристигнале на железничката станица каде затекнале двајца малолетници кои се движат пеш.. со себе носеле и кожна ташна.. еден од разбојниците излегол од возилото и ја грабнал ташната обраќајќи се на англиски јазик.. .. Откако децата одговориле на македонски, разбојникот ја испуштил ташната и се вратил во автомобилот.. Двајцата со голема брзина побегнале од железничката станица..

Овој обид за грабеж на мигрантите не ги обесхрабрил.. неколку часа подоцна двајцата разбојници заминале во градскиот парк.. овде во моментот преноќувала група од 40-мина сиријски државјани.. кај еден од нив, разбојниците забележале сина торбичка која веднаш се обиделе да ја одземат.. Грабежот го разбудил сопственикот па речиси цела група мигранти почнала да ги брка разбојниците.. еден од нив исплашен од толпата, испукал во воздух со гасен пиштол.. по ова успеале да побегнат од градскиот парк..

Двата случаја се пријавени во велешката полиција.. еден од разбојницте е приведен додека по другиот се уште се трага.. и двајцата заработија кривични пријави за разбојништво.. инаку тие и претходно биле пријавувани за кражби и други кривични дела..