Велес домаќин на ученици и професори од францускиот град Шербур
Во рамки на програмата за училишна размена помеѓу Велес и збратимениот француски град Шербур од Нормандија, од 12-ти до 19 март Велес е домаќин на 44 ученици и професори од Франција.
По повод почетокот на престојот, денеска беше организирана свеченост на која учениците гости и домаќини беа поздравени од градоначалникот Славчо Чадиев и францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.
Посакувајќи им добредојде на гостите, градоначалникот Чадиев изрази задоволство од континуитетот на оваа соработка.
- Задоволство ми е што учениците третпат се среќаваат и другаруваат и што и ние возрасните преку младите генерации имаме можност да соработуваме. Веќе го заокружуваме првиот циклус на проектна размена и верувам дека ќе отвориме нови можности на соработка, рече Чадиев.
Нарекувајќи ги учениците млади амбасадори на своите земји, амбасадорот Тимоние информираше дека на средбата со градоначалникот се договарале и за соработка на учениците од Македонија и Франција со ученици од Полска, со што училишната размена ќе се прошири на територијата на Европа.
- Ова ќе овозможи да се сретнат три Европи. Имаме што да научиме едни од други и можеме да бидеме промотори на мирот, рече амбасадорот Тимоние.
Покрај Амбасадата на Република Франција, проектот доби поддршка од Францускиот институт во Скопје и од Европската асоцијација на агенции за локална демократија - АЛДА.
Учениците и професорите од Шербур ќе ги посетат културните знаменитости на Велес, Скопје и Охрид и ќе имаат заедничка училишна програма за размена на знаења и идеи. Во проектот се вклучени сите четири средни училишта од Велес и гимназијата од Шербур.
Како што информираат од Општина Велес, градоначалникот Чадиев и амбасадорот Тимоние на средбата размениле мислења за можностите за проширување на соработката во областа на културата, економијата, заштитата од пожари и други области од интерес за граѓаните.
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје