Loading Video...
Спорт плус
29. April 2022 - 11:52

Вечерва втор меч од финалето меѓу Работнички и Јанта Волеј

 
Од 20 часот, во малата сала на СЦ Борис Трајковски ќе се игра третиот натпревар од финалето во женска конкуренција.
 
Одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода кои се актуелни шампионки се блиско до одбрана на титулата.
 
Тие веќе ги добија првите две средби во дуелите со Работнички Скопје, па доколку успеат да победат и вечерва, ќе ја одбранат шампионската титула.
 
Потсетување дека овие две екипи играа и во финалето на Купот, а тогаш трофејот го освоија одбојкарките на Работнички. 
 
Во иста ситуација се и одбојкарите на Струмица. 
 
Откако струмичани го добија и вториот меч од финалето против Шкеднија со 3-0, актуелниот првак и фаворит за титулата веќе утревечер (21 часот) пред своите симпатизери ќе има можност да прослави нов трофеј, а воедно да ја заврши сезоната со двојна круна, како и лани.