Вечерва тешка сообраќајка пред Охрид – Патот целосно затворен
Tешка сообраќајна несреќа вечерва се случила на патниот правец Охрид-Струга во близина на црквата Св.Еразмо. Во сообраќајната незгода едно патничко возило марка “Југо” е излетано од патот, а во незгодата учевствувало и уште едно патничко возило марка “Мерцедес”, како и други возила во директен судир, објави Охрид1.
Интервенирано е веднаш од страна на Брзата помош и пожарната а екипи од СВР се на терен при што патниот правец е блокиран во двата правци.
Во меѓувреме, на повозрасен човек од возилата кои чекаат во колоната му се слоши, при што ниедно од возилата од Брзата помош не сакаше да пружи помош на човекот, да го прими во возилото, бидејќи се зафатени со повредените од сообраќајната несреќа, известува Охрид 1 кој е на местото на незгодата.
Сообраќајот е се уште затворен во двата правци
Ново на Сител
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада