Loading Video...
Спорт плус
28. April 2022 - 13:07

Вечерва Шкенија и Струмица ќе го играат втор меч од финалето

 
Вечерва во Тетово ќе се игра вториот натпревар од финалната серија за шампионскиот трофеј во машкото одбојкарско првенство. 
 
Актуелниот првак и фаворит за титулата Струмица на гостувањето кај Шкендија влегува со предност од 1-0 во победи во серијата подобар до три. 
 
Ако Струмичани ја потврдат фаворитската улога и вечерва слават победа тогаш веќе во сабота на домашен терен ќе имаат шанса за нота тритула. 
 
 
Истата можност но на теренот на противникот утревечер (20 часот) ќе ја имаат и одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода кои се актуелни шампионки. 
 
Тие веќе ги добија првите две средби во дуелите со Работнички Скопје па доколку победат и утре ќе ја одбранат шампионската титула.