Loading Video...
Кошарка
4. May 2021 - 16:12

Вечерва ќе ги дознаеме сите учесници на Фајлан-форот во Евролигата

По трите мајсторки од четвртфиналето што ќе се играат вечерва ќе биде комплетиран и списокот на екипите кои ќе играат на завршниот Фајнал-фор турнир во кошаркарската Евролига. 
 
Досега само московска ЦСКА го обезбеди своето место во полуфиналето откако со 3:0 во победи го елиминира Фенербахче. 
 
На сите останати три четвртфинални дуели резултатот е израмнет 2:2 во победи, па вечерашните мајсторки најавуваат супер интересна кошарка. 
 
ЦСКА ќе го чека исходот од средбата во Истанбул, каде Анадолу Ефес го пречекува Реал Мадрид. 
 
Додека победниците од дуелите Барселона - Зенит и Армани Милано - Баерн Минхен ќе го формираат вториот полуфинален пар. 
 
Завршниот Фајнал-фор турнир чиј домаќин ќе гиде германскиот град Келн ќе се игра на 28 и 30 мај