Вашингтон пост: Бајден планира да се сретне со кинескиот претседател во ноември
Белата куќа продолжува со плановите за средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг во Сан Франциско следниот месец, додека двете земји се обидуваат да ги стабилизираат своите односи, објави Вашингтон пост.
Односите меѓу двете најсилни светски економии станаа затегнати во последниве години поради голем број прашања, вклучително и Тајван, изворот на пандемијата „Ковид-19“, човековите права и трговските тарифи.
„Вашингтон пост“ се повика на изјави на неименувани американски функционери, од кои еден рече дека можноста за средба е „прилично силна“.
„Го започнуваме процесот“ на планирање, рече функционерот.
Состанокот ќе следи по серијата посети на американски официјални претставници на Кина, вклучувајќи ја и онаа на државниот секретар Антони Блинкен во јуни, министерот за финансии Џенет Јелен во јули и министерката за трговија Џина Раимондо во август.
Неодамна Блинкен се сретна и со кинескиот потпретседател Хан Женг во Њујорк, а американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта.
Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот на Вашингтон пост. Ниту Белата куќа немаше коментар.
Бајден и Си последен пат се сретнаа на маргините на самитот на Г-20 во Индонезија во ноември 2022 година, нивна прва средба откако Бајден ја презеде функцијата претседател. Пред тоа тие разговарале пет пати по телефон или преку видео конференција.
Кинеската агенција за безбедност минатиот месец навести дека каква било средба меѓу Си и Бајден ќе зависи од тоа дали САД „ќе покаже доволно искреност“.
Американските официјални лица како Рајмондо и Јелен неодамна изјавија дека САД не сакаат да се дистанцираат од Кина, но Пекинг изрази загриженост поради американското одобрување за продажба на оружје и воено финансирање на Тајван.
Во ноември, Сан Франциско ќе биде домаќин на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка, на кој може да присуствува и Си. тој неодамна го избегна самитот на Г-20 во Њу Делхи каде беше присутен Бајден.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово