Вархељ од Тирана: Се надевам преговорите да почнат пред Самитот во Загреб
По средбата со премиерот Еди Рама, тој на заедничката прес конфернција рече дека се надева преговорите да почнат пред самитот во Загреб.
-Ние продолжуваме да ја сметаме Албанија како земја што е подготвена да ги почне преговорите. Фактот дека преговорите не почнаа во октомври, се однесуваше на загриженоста на некои држави. Ние ќе работиме се додека не ја постигнеме целта за почнување преговори. Работиме на отворање преговори пред самитот во Загреб, рече еврокомесарот.
Поздравувајќи ја работата на владата тој упати апел до целата политичка елита во земјата.
-Неопходно е сите политички партии во земјава да помогнат ова да стане реалност зашто е јасно дека без поддршка од сите партии нема да биде можно да се постигне напредок. Ќе зборувам и со опозицијата денес за да ни помогнат ова прашање да го направиме успех и да ја искористиме оваа можност, рече тој.
Додаде дека ценејќи ја работата од страна на Албанија, ќе и биде дадена помош од 28 милиони евра.
– Ви соопштувам уште една добра вест, со оглед на добрата работа што ја направи Албанија. Од претпристапните фондови, ние сме во можност да ви дадеме 28 милиони евра. Ние предлогот го испративме до ЕП и верувам дека се ќе заврши многу скоро, рече тој.
Изразувајќи сочувство до роднините на жртвите од разорниот земјотрес што се случи во Албанија на 26 ноември, тој додаде: „Ние ќе бидеме покрај Албанија за да помогнеме со се што можеме“.
Премиерот Рама,откако му се заблагодари за ангажираноста по земјотресот, рече дека ЕУ е единствен пат за земјата и за Албанците.
Тој соопшти дека донаторската конфренција за помош на Албанија во надминување на последиците од земјотресот ќе се одржи на 17 јануари во Брисел.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас