-->
-->
Вардарки ги започнаа подготовките за новата сезона
-->
Летниот одмор за женскиот европски вице-првак Вардар заврши, па ракометарките ги почаа подготовките за новата сезона.
Целта е да се оди уште едно скалило погоре и да се освои европскиот врв, односно да го повторат успехот на машкиот колектив на „црвено-црното“ ракометно семејство.
За новата сезона вардарки имаат пет нови имиња во составот, репрезентативки на Македонија, Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, како и Русинката Полена Кузнецова и Србинката Драгана Цвијиќ.
Вардарки во Скопје ќе бидат до петок, а потоа се заминува на Златибор каде ќе останат десет дена. По враќањето дома, ќе се подготвуваат за настап на турнирот чии домаќини сме тие, а кој ќе се игра во периодот од 23 до 26 август во Скопје. На турнирот „Трофеј Вардар" ќе учествуваат уште пет екипи, Будуќност (Црна Гора), Одензе (Данска) и ЧСМ Букурешт (Романија), Краснодар и Ростов (Русија).
Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче