-->
-->
Вардар втор во Белорусија
-->

Ракометарите на Вардарв го освоија второто место на турнирот „Белгазпромбанк" во Брест, Белорусија. Тие во решавачкиот натпревар од третото коло загубија домаќинот Мешков Брест со 29:26 со што го освоија второто место во конкуренција уште на екипите на Сесон и на Висла Плоцк.
Почетокот на натпреварот беше со израмнети сили, се до 8:8 по што Вардар поведе со 10:8. Тогаш се случи лош период во играта на македонскиот шампион, па Мешков тоа го искористи да поведе со 14:9, резултат со кој се замина на полувреме. Страхиња Милиќ имаше одлично прво полувреме во кое одбрани вкупно 13 топки, од што и три пенали.
Во второто полувреме Вардар ја намали разликата на „минус 2" (18-16), но Мешков повторно се врати на „стандардните“ 3-4 гола разлика. Во 51. минута Мешков водеше со 26:20, а во 55 минута со 28:22 со што победникот беше решен.
За освоеното второ место вардарци добија награда од 3.000 евра од организаторот, а Вуко Борозан беше прогласен за најдобар играч во редовите на Вардар на овој меч.
На 30 август Мешков гостува во Скопје во рамките од СЕХА Газпром лигата.
фото: www:rkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
