-->
-->
Вардар дефинитивно се сели во Втората лига
-->

Попладнево беа одиграни натпреварите од претпоследното 32.коло во ПМФЛ, по кое и дефинитивно екипата на Вардар ги загуби шансите за опстанок во прволигашкото друштво
Со денешниот пораз на гостувањето кај Струга ТЛ (1-0) екипата на Вардар и дефинитивно следната сезона ќе се пресели во понизок ранг, односно црвено-црните заедно во струмичка Беласица ќе играат во Втората македонска фудбалска лига.
Стружани пак се пробија на третото место на табелата искористувајќи го поразот на Македонија ЃП од Шкендија, па во последната рунда тимот на Струга ќе влезе со два бода повеќе од Ѓорче Петровци во трката за 3.место и пласман во квалификациите за Лига Европа
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА 32.КОЛО (петпоследно)
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 3 – 1
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 0 – 0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 3 – 4
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 1 – 0
БОРЕЦ – РЕНОВА 2 – 0
БЕЛАСИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0 – 2
ТАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 74 бодови
2 ШКУПИ 58
3 СТРУГА ТЛ 54
4 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 52
5 РАБОТНИЧКИ 47
6 ПЕЛИСТЕР 42
7 БОРЕЦ 40
8 А. ПАНДЕВ 38
9 СИЛЕКС 36
10 РЕНОВА 35
11 ВАРДАР 31
12 БЕЛАСИЦА 17
ПОСЛЕДНО 33 КОЛО (16 МАЈ)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
