Вардар 1961 победнички стартуваше во СЕХА лигата
Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со победа ја започна новата сезона во регионалната СЕХА лига, откако вечерва славеше во Скопје над актуелниот лидер во српското првенство Војводина со 25:21 (15:10)
Вардар веќе во воведните десет минути на мечот во салата „Јане Сандански“ стигна до сигурна предност од пет голови разлика (6:1) што ја одржа до полувремето (15:10).
Продолжението не донесе резултатска неизвесност и ракометарите на Вардар рутински го приведоа мечот во сигурна завршница за први бодови во СЕХА лигата, во рамки на третото коло.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров со по четири голови, додека Борко Ристовски имаше десет обрани на голот.
Македонскиот првак својот втор натпревар во Б-групата ќе го игра на 1 февруари, повторно на домашен терен, против хрватскиот претставник Нексе.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик