Ванг: САД да не си играат со оган во врска со Тајван

Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји денеска изјави дека САД не треба да си „играат со оган“ во врска со Тајван, откако Вашингтон најави дека планира да им продаде оружје вредно 2,2 милијарди долари.
Американскиот Стејт департмент на почетокот на оваа недела му одобри на Пентагон продажба на оруже на Тајван – тенкови „М1А2& Абрамс, ракети „Стингер“ и придружна опрема.
Ванг за време на официјалната посета на Унгарија рече дека неговата земја е „сериозно загрижена“ во врска со планираната посета на тајванската претседателка Цаи Ин Вен на Њујорк.
Тој рече дека Кина бара од САД да се придржува на принципот „една Кина“ и да не дозволи престој на тајванската претседателка во Њујорк и Вашингтон да прекине со каква било официјална размена со овој остров, кој Кина го смета за свој.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
