Ванг: Прашањето за Северна Кореја треба да се реши мирно
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави денеска дека имал „искрен, прагматичен и продуктивен“ разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Кина, порачувајќи дека прашањето за Северна Кореја мора да се реши мирно и со дипломатски средства.
Ванг истакна дека освен за Северна Кореја со Тилерсон разговарале и за Тајван и билатералната трговија.
Тилерсон нагласи дека американската и кинеската страна ја потврдиле одлучноста за убедување на Пјонгјанг, кој има брзо напредувачка нуклеарна програма, дека Северна Кореја треба да избере подобар пат. Американскиот државен секретар изјави дека Ванг се согласил двете земји да работат заедно, со цел да ја убедат Северна Кореја да го напушти сегашниот пат.
Според Тилерсон, тензиите на Корејскиот полуостров се на „многу опасно ниво“.
Државниот секретар на САД допатува во прва посета на Кина и покрај разговорот со Ванг Ји, можно е да оствари средба и со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Ново на Сител
-
Состојбата со пожарите во Македонија под контрола
-
Палчо и другите обвинети заедно во судница
-
Филипче: Згрешивме со измените на Kривичниот законик, имаме нов предлог
-
Таравари: Нема никаков проблем за проширување на позитивната листа на лекови
-
Несовесни граѓани оставаат најразличен отпад
-
600 приватни специјализанти ќе бидат вработени - Ќе го реши тоа проблемот со одливот на мозоци?
-
Голем пожар во струмичко Ново Село
-
Голем пожар во Ново Село - зафати три куќи