Македонија
25. July 2024 - 16:39

Состојбата со пожарите во Македонија под контрола

Состојбата со пожарите во Македонија по повеќедневна битка, конечно е под контрола. Во изминатите деноноќие имало 18 пожари на отворен простор, а денеска гори само во Македонски брод. Таму огнената стихија се движи во два правци. 

Врнежите ширум државата помогнаа во гаснењето на огнените стихии, но на него веќе не можеме да се потпираме. Според УХМР, температурите од следната недела повторно ќе се зголемуваат.

Најголемиот дел од пожарите кои предизвикаа главоболка на службите, се подметнати обвинија надлежните. Но, и на полицијата тешко и оди да ги пронајде подметнувачите. Од почетокот на годината имавме стотици пожари, а статистиката на МВР покажува дека до денеска биле поднесени кривични пријави против 13 познати, а во 11 случаи, кривичните се поднесени против непознати сторители.