Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на МЗ и СЗО, со поддршка на ЕУ
Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на Министерството за здравство и СЗО, со поддршка од ЕУ, информираат од МЗ.
Над 950 деца досега се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини и се поделени над 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“.
- Во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 500 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.
Во кампањата се вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови и Институтот за јавно здравје, кои планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 150 населени урбани и рурални места.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство