Вака Јелена одговори на пишувањата дека Новак ја изневерува
Едно интервју направи лавина. Боливудската афера на Ѓоковиќ што ја пласираа британските медиуми, а потоа ја проширија италјанските, изгледа прераснува во боливудска сапуница.
Семејните проблеми на најдобриот тенисер на светот, кои беа причина за лошата игра на Вимблдон и во Рио годинава, нужно станаа брачни, а медиумите не штедат зборови да најдат докази дека среќниот брачен брод на Ѓоковиќ тоне.
Од друга страна, Јелена и Ноле, кои се редовни на социјалните мрежи, како да ја демантираат приказната објавувајќи заеднички фотографии на кои изгледаат секако само не разделено.
Синоќа Јелена објави фотографија од заедничка забава на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“. На фотката се прегрнати и среќни, какви што се и на сите фотографии што досега ги објавиле двајцата, а ни папараците не успеале да ги начекаат во непријатна ситуација, која ќе ги потврди пишувањата на таблоидите.
Ново на Сител
-
Меџити во посета на депонијата Дрисла
-
Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата