Вајгл: Односите на Србија со соседите се тешко прифатливи, посебно изјавата на Дачиќ за Македонија
Пратениците во Европскиот парламент што се дел од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), синоќа, за време на првото читање на драфт-извештајот на Евопарламентот, жестоко ја нападна Република Србија за нејзините односи со соседите, посебно со Република Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратениците од Словенија, Алојз Петерле и Иво Вајгл, како и уште неколкумина други пратеници во ЕП од балканскиот регион, посебно ја осудија неодамнешната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во однос на признавањето од српска страна на Република Македонија под нејзиното уставно име.
- Што се однесува до односите на Србија со соседите, како со Босна и Херцеговина, така и со останатите, тие тешко дека може да се опишат како прифатливи. Тука посебно мислам на изјавата на Дачиќ, во контекстот на признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на Србија, дециден беше европратеникот Вајгл.
Инаку, првичниот драфт-извештај за Србија во ЕП содржи политички коректни нотации и пофалби за Србија, но правно оваа соседна земја на Македонија е осудена дека правосудството не е независно, дека нема напредок во борбата против корупцијата, дека не ги усогласува надворешните политики со оние на Европската унија (пр. не воведува санкции кон Русија), како и за нетранспарентност на сопствеништвото во медиумите, притисоци и заплашување на ноовинарите, за што е изразено голема загриженост и е нотирано дека „оваа состојба не се поправа“.
Ново на Сител
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст
-
Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
-
Маск поддржа обвинувања дека Зеленски сака „моќ и пари“ наместо мир
-
Приведен 58-годишен маж од с.Чергане, бил баран со потерница
-
Претрес во затворот „Идризово“, полицијата пронашла дрога
-
Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага