Вајгл: Мицкоски рече дека ќе соработува со власта за европските реформи
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл по средбата со лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, за МИА порача дека добил уверување дека опозицијата ќе биде конструктивна за реформите потребни за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Нагласив дека главен интерес на Европскиот парламент и мој како известувач за Македонија е да продолжи земјата по патот кон ЕУ и Унијата да го одржи ветувањето да почнат преговорите во јуни, а Мицкоски рече дека ВМРО ќе соработува со владата за реформите и законодавството врзано за членството во ЕУ и дека ќе биде партнер од доверба, истакна Вајгл.
Мицкоски ги повторил критиките на неговата партија кон Преспанскиот договор, но Вајгл не верува дека ВМРО-ДПМНЕ би ја довел спогодбата во опасност доколку дојде на власт.
– Тој остана критичен кон тоа, но на крајот на краиштата важно е работите да одат напред и да се оствари Договорот, рече Вајгл додавајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ се критични кон Преспанскиот договор и многу се критични кон владата, но јас сметам дека улогата на опозицијата е да биде критична и коректор на власта, но дека треба да биде конструктивна кога станува збор за работи кои се во интерес на целата држава“.
Состојбата во Грција кон Преспанскиот договор, вели Вајлг е покритична, иако тој се надева сите се свесни за неговата важност.
-Таму каде е мнозинството е тесно како во Грција, постои опасност да дојде до застој но не верувам дека ќе дојде до тоа, на крајот грчките политичари се свесни дека Преспанскиот договор значи консолидација на политичките прилики во регионот, кој е од голем интерес за западот, додава тој.
За крај, Мицкоски изразил загриженост за претстојните претседателски избори и побарал да биде обезбедено силно присуство на странски набљудувачи, соопшти Вајгл.
-Не гледам причина изборите да не бидат коректни, но мислам дека мора и владата и ДИК да направат сѐ да бидат изборите регуларни и одраз на демократска и толерантна атмосфера, порача известувачот за Македонија во ЕП.
Ново на Сител
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера
-
Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина
-
Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија се соочува со обид за „обоена револуција“
-
Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа
-
Собјанин: Руските противвоздушни сили соборија четири дрона во регионот на Москва