Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста од брзо завршување на војната во Украина и изрази подготвеност да придонесе за нормализирање на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ.
Бин Салман ја истакна важноста од наскоро склучување договор за прекин на огнот во Украина, а Путин ги пофали посредничките напори на Ријад, каде минатиот месец се одржаа руско-американски разговори на високо ниво.
Се додава дека лидерите разговарале и за „актуелните прашања на руско-саудиската соработка во рамките на ОПЕК+“ и ја истакнале важноста на овој формат за обезбедување стабилност на нафтениот пазар и нивната посветеност на обврските преземени во рамките на ОПЕК+.
По состанокот во Ријад во средината на февруари, Русија и САД се договорија да создадат услови за целосно продолжување на билатералната соработка, да ги отстранат ограничувањата за работата на амбасадите и да започнат процес за решавање на ситуацијата во Украина.
Во Џеда, Украина и САД во вторникот предложија 30-дневен прекин на огнот, со кој Путин рече дека начелно се согласува, но дека „има нијанси“.
Ново на Сител
-
Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија се соочува со обид за „обоена револуција“
-
Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа
-
Собјанин: Руските противвоздушни сили соборија четири дрона во регионот на Москва
-
До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица, предупредува данска хуманитарна организација
-
Синодот на СПЦ повика на престанок на поделбите и отпочнување дијалог во Србија
-
Американската администрација бара од агенциите на ОН да пополнат прашалник и да ги откријат антиамериканските врски
-
Лига Европа: Англиските екипи обезбедија пласман во четвртфиналето