Loading Video...
Спорт плус
9. December 2019 - 19:44

ВАДА ја суспендираше Русија од светските натпреварувања

По одлука на Светската Антидопинг агенција  ВАДА  Русија е исфрлена од сите големи спортски натпреварувања во период од четири години  откако е донесена едногласна одлука на состанокот во Лозана. 
Оваа одлука е една од најригорозните во историјата на спортот и значи дека Русија нема да може да испрати свои спортисти на Олимписките игри во Токио 2020г  а фудбалската репрезентација нема да може да  настапи на Мундијалот во Катар 2022г.  Спортистите од оваа земја нема да можат да настап и на Параолимписките игри. 
Сепак останува можноста спортистите од Русија да настапат на меѓународните натпреварувања под неутрално знаме само доколку докажат дека немаа врска со допинг- скандалот.  Претседателката на ВАДА Линда Хелеланд изјави дека се воведени санкции кои не можат да се разводнат. “Тоа им го должиме на чистите спортисти, санкциите мораше да бидат ригорозни“ – потенцираше Хелеланд. 
На Русија и останува можноста да се жали до судот за Спортска арбитража во Лозана во рок од 21 ден.  Што се однесува до фудбалот  популарната Зборнаја сепак ќе може да учествува на ЕП наредната година каде еден од градовите домаќини е Санкт Петерсбург бидејќи УЕФА не се смета  за организатор на голем спортски настан. 
Да потсетиме претходно на Русија и беше забрането да настапи како нација на атлетските настани во 2015г а на Зимските олимписки игри минатата година  дури 168 руски спортисти настапија под неутрално знаме.