В понеделник тет-а-тет Мицотакис- Ердоган, Атина се надева на мирно лето во грчко-турските односи
Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во пресрет на тет-а-тет средбата Мицотакис – Ердоган в понеделник, и додаде дека Грција се надева на мирно лето во односите меѓу двете земи, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер и турскиот претседател ќе се сретнат во Брисел по завршувањето на НАТО самитот, а Пелони истакна дека ова ќе биде првпат Мицотакис и Ердоган да разговараат сами и нема да следи состанок на двете делегации.
Додаде дека во изминатите месеци веќе беа активирани сите канали на комуникација меѓу двете земји.
-Различни позиции со Турција постоеја и постојат. За многу прашања нашите позиции се дијаметрално спротивни. Токму ова е причината дека треба да разговараме со соседната земја. Тоа што не се согласуваме, не значи дека не разговараме, истакна портпаролката на грчката Влада.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто