В недела избори во БиХ на трите нивоа на власт
Босна и Херцеговина в недела ја очекуваат уште едни општи избори на кои граѓаните на државата ќе бираат претставници на трите нивоа на власт. Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда.
На изборите ќе учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.
На изборните листи ќе се најдат имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.
Тие ќе се натпреваруваат за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.
Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 3,3 милиони гласачи. Тој податок предизвикува полемика бидејќи на пописот од 2013 година во БиХ е утврдено дека има околу 3,5 милиони жители.
Според локални медиуми факт е дека бројот на избирачи расте во секој изборен циклус во БиХ. На иборите во 2000-та година право на гласи имале 2.5 милиони регистрирани гласачи и таа цифра денес е зголемена за речиси милион.
Во изборите во 1996 година имаше одѕив од 83 отсто додека на последните локални избори пред две години учествуваа околу 55 отсто од избирачкото тело.
На изборите 2014 година во трката за бошњачки член на Претседателството на БиХ победи Бакир Изетбеговиќ кој доби поддршка од 247 илјади избирачи воглавно Бошњаци иако во државата живеат речиси 1,8 милиони луѓе со бошњачка националност.
Нешто подобро помина Младен Иваниќ кој доби поддршка од околу 317 илјади гласачи воглавно Срби. Според пописот во БиХ има нешто повеќе од милион Срби.
Во БиХ има нешто повеќе од 500 илјади Хрвати а членот на Претседателството на БиХ од хрватскиот народ пред четири години стана Драган Човиќ за кого тогаш гласаа 128 илјади избирачи.
На сегашните избори ќе бидат и Иваниќ и Човиќ додека Изедбеговиќ нама да биде во изборната трка бидејќи законски не е можно да се биде член на Државниот врв во повеќе од два последователни мандата.
Иваниќ ќе има тешка трка со агресивниот Милорад Додиќ кој веќе не може да биде претседател на РС и сега се обидува да освои место во државниот врв.
Актуелната власт во БиХ ќе биде испратена без напредок кон членство во Европската унија и НАТО поради изборната кампања блокирана е постапката за одговори од прашалникот на ЕУ и со тоа евентуалниот кандидатски статус за членство во Унијата во Сараево не може да се очекува пред крајот на 2019 година.
Сепак, тоа е под услов преговорите за новите власти на сите нивоа да бидат брзи и да не траат со месеци па дури и 1,5 година како што беше претходно случај. Во постоечките околности е реално БиХ да добие нова власт до пролет идната година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство