Утврден текст на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност
Владата на денешната седница го утврди новиот текст на Предлог -законот за Агенција за национална безбедност. Неговото донесување ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, којаповеќе нема да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во земјава.
Владината прес-служба информира дека целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите од Европската комисија. Агенцијата за национална безбедност ќе ја штити националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот…
На седницата е утврден и новиот текст на Предлог- законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија, со кој се предвидува формирање посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа кои се предвидуваат во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.
-Предлогот на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија произлегува од усвоените заклучоци од Советот на Европската Унија од 26 јуни 2018 година, а потврдени од Европскиот совет на 28 јуни.2018 година, во чии рамки е нагласена важноста да продолжи напредокот во имплементацијата на Итните реформски приоритети и испорачувањето дополнителни одржливи резултати во областа на правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупција, информира владината прес-служба.
Владата денеска ги разгледа и утврди Предлог-законот за изменување на Законот за следење на комуникациите, како и Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешни работи, заради усогласување со предлог-законите за Агенција за национална безбедност и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош