Утринава нови дојави за бомби во училиштата во БиХ
Католичкиот училишен центар Свети Павле во Зеница беше евакуиран откако управата на училиштето добила закана за поставена бомба, со што се прошири оваа појава надвор од главниот град на БиХ, Сараево.
Портпаролот на МВР на Зеничко-добојскиот кантон, Самир Валентиќ, потврди дека информацијата за поставена бомба пристигнала нешто после осум часот.
„Полицајците потоа ги евакуираа сите ученици и започнаа противдиверзиски преглед,“ изјави Валентиќ. Речиси истовремено, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, каде што наставата исто така била прекината, а учениците евакуирани.
Оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе три малолетни лица за кои беше утврдено дека испраќале закани до училиштата. Едно од лицата, како што е утврдено за време на истрагата, упатило закани дури 49 пати.
По кривичната обработка, лицето беше предадено на обвинителството на Сараевскиот кантон. Обвинителот поднесе предлог за едномесечен притвор пред судија за малолетни лица поради сомневање за кривични дела загрозување на безбедноста и лажно пријавување.
Ново на Сител
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните