Спорт плус
11. September 2019 - 19:45

Утре стартува Европското првенство за македонските одбојкари

Утре е историски ден за македонската одбојка. Нашите најдобри одбојкари за првпат ќе настап на голем меѓународен настан како што е ЕП кое се одржува во Словенија. Прв противник на Македонија ќе и биде селекцијата на Финска.

                По неколку генерации одбојкари денешна предводена од извонредниот Никола Ѓорѓиев конечно успеа да го оствари големиот сон и по стапките на ракометарите и кошаркарите да заигра на едно Европско првенство.  Конечно време е за старт на возбудувањата. Утре во 17.30ч Македонија ќе ги одмери силите со Финска , репрезентација која е рангирана меѓу противниците во групата кои можат да се совладаат:

  • „Никогаш не сме играле против Финска. Секако, од видеата што ги гледавме, дознавме за нивниот квалитет и длабокиот  ростер што го поседуваат. За нас, ова е голем натпревар, затоа што е прв меч на Европските првенства. Одиме да победиме, затоа што работевме напорно  и многу поразлично од претходно. Овој тим е подготвен за дебито. Најдоброто од се е што сме обединети како тим и заедно сме како едно“, изјави денеска капитенот на националниот тим Никола Ѓорѓиев.

Покрај Финска во нашата група се уште  Русија, Словенија, Турција и Белорусија.  Одбојкарите денеска тренираа во спортската сала Стожице во Љубљана и според информациите го очекуваат натпреварот со Финска во добра атмосфера.