Утре ќе биде соопштена одлуката за случајот на Ахмети и Џафери против Богоевски
Основниот суд Скопје 2 донесе одлука за случајот со поранешниот разузнавач Слободан Богоевски во кој лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и Муса Џафери го тужеа за клевета дека примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2,5 милиони евра.
Од судот за МИА потврдија дека одлуката ќе биде соопштена утре, а денеска некои медиуми повикувајќи се на изјава на адвокатот на Богоевски, пишуваа дека тој бил прогласен за виновен и оти нема да им плати материјална штета бидејќи тужителите се повлекле од барањето.
Богоевски пред судот во Њујорк дал исказ во постапката која се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи. Ексразузнавачот меѓу другото, тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот