ОН усвои резолуција со која се осудува насилството врз Рохинџите

Генералното собрание на ОН одобри резолуција со која се осудува кршењето на човековите права кое се врши врз Рохинџите и другите малцинства во Мјанмар, вклучително и апсења, тортура, силување и убиства.
Вкупно134 држави гласале „за“, девет биле против и 28 биле воздржани за резолуцијата во која се повикува владата на Мјанмар да преземе итни мерки за борба против поттикнувањето омраза кон малцинството.
Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки, но го одразуваат светското мислење.
Илјадници Рохинџи се убиени, а повеќе од 700.000 избегаа во Бангладеш поради насилството од 2017 година во земјата каде будистите се мнозинство.
Властите на Мјанмар тврдат дека нема прогон на национална основа, туку дека се бореле против екстремистичка закана.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
