Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска им помагала на нафтените танкери и комерцијалните бродови да поминат низ Ормуската Теснина во она што тој го опиша како „тајна мисија“ за да се одржи отворен клучниот поморски пат, додека тензиите со Иран и воената активност во регионот продолжуваат да ескалираат.
Трамп на својата платформа Тruth Social соопшти дека ја наредил операцијата минатиот месец и тврдеше дека таа овозможила повеќе од 100 милиони барели нафта да поминат низ клучниот воден пат и да стигнат до глобалните пазари, без да даде детали. Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), во просек по 20 милиони барели сурова нафта и нафтени деривати биле транспортирани низ протокот дневно минатата година.
Трамп исто така рече дека повеќе од 200 комерцијални бродови безбедно поминале низ протокот, иако тврдењата не можеа да бидат независно проверени, пренесе ДПА.
„Овој исклучително успешен напор е затоа што САД ја контролираат Ормуската Теснина – а не Иран“, напиша тој.
Претходно, американскиот претседател зборуваше за операцијата пред новинарите во Белата куќа и рече дека сега разговара за тоа бидејќи Иран дознал.
„Њујорк Тајмс“, цитирајќи американски официјални лица, претходно објави дека американските сили во изминатите недели помогнале во координирањето на преминот на десетици бродови низ протокот, од кои многу наводно ги исклучиле своите транспондери за да избегнат откривање.
Вооружените сили на Иран набрзо по почетокот на војната кон крајот на февруари во голема мера го запреа бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина преку закани, инспекции и напади врз бродови, ефикасно воспоставувајќи контрола врз клучната извозна рута.
САД одговорија со блокада на иранските пристаништа за да ја спречат земјата да извезува нафта.
Само неколку часа по објавата на Трамп, Иран најави затворање на Ормуската теснина по новите американски напади врз цели во земјата, забранувајќи го целиот бродски сообраќај и предупредувајќи дека бродовите што ќе се обидат да поминат ќе бидат нападнати. Иранските државни медиуми потоа јавија дека два брода се нашле под оган.
МИА
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
