Усвоен ребалансот на Буџетот за 2015 година
Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година.
Како што информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција во Владата, се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде политиките, мерките и проектите на Владата го налагаат тоа без да ги измести основните макроекономски параметри.
- Ребалансот не вклучува кратење на буџетите на ни еден буџетски корисник, туку претставува поместување на одредени позиции таму кадешто поради одредени политики, мерки и активности треба да се додадат средства или кадешто проектите се одвиваат подобро од што првично сме планирале. Појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за БДП и за движењето на приходната и расходната страна, рече Ставрески, нагласувајќи дека БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП.
Рвидирањето на БДП, прецизира Ставрески, се базира на два факти од кои првиот е дека во првите три месеци од годинава имаше солиден раст на економијата од 3,2 проценти, но во вториот квартал, како што рече, имаше пролонгирање на политичката криза во земајава и незвесност заради должничката криза во Грција. Тоа, додаде, секако е фактор на ризик кој бара ревидирање на вкупните проекции и затоа Владата и Министерството за финансии сметаа дека проекцијата за БДП треба да се ревидира од 4 на 3,5 проценти.
Тој посочи дека Буџетот во првата половина од годинава е во добра кондиција и додаде дека на приходната страна буџетските приходи се подобри од очекувањата и подобри од планираните.
- За околу 14 проценти се повисоки буџетските приходи во однос на истиот период од 2014 година што во однос на планираното е некаде околу 6 проценти поени повеќе прибрани буџетски приходи отколку што се планираше за првите шест месеци од оваа година, рече Ставрески.
Нагласи дека добрите резултати на приходната страна се микс на дивергентни движења на поедини даночни приходи.
- Кај ДДВ имаме нешто пониско остварување од планираното, но тоа е целосно искомпензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и акцизите. Вкупно земено приходите се појаки и поголеми од планираните што создаде добра ситуација во смисла дека Буџетот е во добра финасиска кондиција и ребалансот се прави од таа појдовна основа, појасни Ставрески.
Истакна дека со ребалансот се предвидува на приходната страна зголемувањето на приходите да изнесува 3,562 милијарди денари.
- Тоа е резултат на повисоките даночни приходи кои согласно новата проекција ќе бидат повискои за 6,051 милијарди повисоки од првично планираните. Неданочните и капиталните приходи ќе бидат пониски за 1,73 милијарди денари од првобитно предвидените, рече Старврески.
Кај сметките од самофинасирачки активности, потенцира, има проширување за 769 милиони денари, а кај придонесите намалување од 1,528 милијарди денари.
- На расходната страна вкупните расходи ќе бидат повисоки за 5,204 милијарди денари при што капиталните расходи ќе бидат повисоки за 1,115 милијарди денари. Најзначајно е што се обезбедуваат дополнителни 370 милиони денари за интензивирање на изградбата на гасоводната мрежа од Клечовце кон Штип. Покрај тоа, обезбедни се и 60 милиони денари за реновирањето на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, 245 милиони денари за кофинасирање на ИПА пректи, проширување на буџетот наменет за изградба на училишните спортски сали и реновирање на училиштата за 220 милиони денари, за 370 милиони денари се зголемени средствата од кредитот на ЕИБ за изградба на водоводи и канализации,..., рече Ставрески.
Додаде дека кај трансферите има зголемување во Министерството за труд и социјална политика за 428 милиони денари, во Фондот за здравствено осигурување за 111 милиони денари, во Фондот за пензиско осигурување за 115 милиони денари,....
- Направен се и корекции во делот на расходната страна. Кај платите вкупното зголемување ќе изнесува 631 милион денари во кои е вклучено и зголемувањето на платите за полицијата што беше претходно извршено, рече Ставрески и најави дека ќе се реализира и предвиденото зголемување на пензиите од 5 проценти, почнувајќи од октомвриската пензија.
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот