Уставен суд не поведе постапка за Изборниот законик
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница не поведе постапка по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одредби од Изборниот законик. Иницијативата е поднесена од претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.
Судот не изрази сомнеж за членот 4 од Изборниот законик кој се однесува на избор на пратеници од дијаспората, бидејќи смета дека тој е во согласност со Уставот.
Не беше поведена постапка и за членот 31 од Изборниот законик кој се однесува за работата на Државната изборна комисија во врска со донесување на одлуки кои допираат до интересите на немнозинските заедници. Оваа законска одредба предвидува за донесување на такви одлуки член од ДИК кој припаѓа на немнозинските заедници да може да побара таквата одлука да биде донесена со консензус и доколку не се донесе со консензус предлог-одлуката на ДИК нема да биде донесена.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар