Свет
12. March 2016 - 15:07

Уште непочнати Дамаск ги минира мировните преговори во Женева, тврди сириската опозиција

Главниот колективен орган на сириската опозиција го обвини официјален Дамаск дека ги прекинува мировните преговори во Женева уште пред тие и да почнат, откако сирискиот шеф на дипломатијата Валид Муалем денеска ја отфрли идејата за преодна власт во земјата и прашањето за иднината на претседателот Башар ал-Асад го оцени како „црвена линија“, пренесоа британските медиуми.

-Сметам дека тој (Муалем) му забива чивија во ковчегот (преговорите) во Женева. Тоа е очигледно, за телевизијата „Ал Арабија“ изјави членот на Високиот преговарачки комитет (ВПК) на сириската опозиција, Монзер Махус, во одговорот на изјавата на Муалем.

„Муалем ги запира преговорите во Женева уште пред тие и да почнат“, додаде тој.