Уште една синагога во Сиднеј прошарана со антисемитски и нацистички симболи
Синагога во Сиднеј е исшарана со антисемитски графити, соопшти денеска градската полиција, еден ден по антисемитскиот вандализам во друга синагога во главниот град на Нов Јужен Велс.
Австралија во изминатата година забележа серија антисемитски инциденти, вклучувајќи графити на згради и автомобили во Сиднеј, како и подметнат пожар во синагога во Мелбурн, што полицијата го опиша како тероризам.
Во последниот инцидент, полицијата соопшти дека била известена за графити на синагогата, лоцирана во предградието Њутаун.
Куќа во источниот дел на Сиднеј, центар на еврејската заедница во градот, исто така беше исшарана со антисемитски графити, соопшти полицијата, додавајќи дека тие исто така ги истражуваат навредливите коментари на уличен плакат во предградието Мариквил.
Вчера била формирана специјална полициска единица која ќе го истражи нападот на синагогата во јужниот дел на Сиднеј, во предградието Алавах, вчера во раните утрински часови.
- Нема место во Австралија, во нашата толерантна мултикултурна заедница, за овој вид криминални активности, рече вчера австралискиот премиер Ентони Албанесе, мислејќи на инцидентот во синагога во јужен Сиднеј.
Австралија бележи зголемување на антисемитските и исламофобични инциденти откако Хамас го нападна Израел во октомври 2023 година и Израел ја започна својата војна против Газа.
Ново на Сител
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука