Уште една оставка во Стејт департментот
Третиот по ранг дипломат во Стејт департментот, потсекретар за политички прашања Томас Шенон поднесе оставка по речиси 35 години служба, со што им се придружи на низата колеги кои се одлучија на таков чекор по доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп.
- Мојата одлука е од лична природа, донесена поради желбата да поминат време со семејството, да размислам за својот живот и да поставам нова насока, посочи Шенон.
Државниот секратар Рекс Тилерсон побара Шенон да не поднесува оставка, истакнувајќи оти неговото заминување ќе биде загуба.
- Триесет и пет години искуство не е нешто што може да се надомести преку ноќ, посочи Тилерсон.
Оставката на Шенон најверојатно ќе ги обнови критиките дека Трамп и Тилерсон ја уништуваат дипломатската служба.
Потсекретарот за јавна дипломатија Стивен Голдстин демантираше дека оставката на Шенон е поврзана со незадоволството поради намалувањето на буџетот и реорганизацијата во Стејт департментот, во кој не се пополнети 13 места за помошници секретари и потсекретари, како и десетина амбасадорски места.
Шенон беше дипломат во мандатот на шест претседатели на САД.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза