Македонија
29. January 2017 - 13:31

Уште еден земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во скопската околина.

Според Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил околу 11.14 часот на 50 километри западно од Скопје, 11 км северо-западно од Боговиње.

Длабочината на потресот бил на 5 километри.

Овој е трет помал земјотрес во последните неколку дена. Имено, два земјотреси се случија во четвртокот попладнето, во Скопје од кои едниот беше со јачина од 1,9 степени според Рихтер, а вториот со јачина од 2,1 степени.