Македонија
6. April 2019 - 19:20

Уште еден скопјанец каснат од куче

Синоќа во 19,30 часот во Полициската станица Аеродром Ф.Х.И.(36) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот на улицата „Февруарски поход“ бил каснат од куче скитник.

Скопјанецот притоа се здобил со повреда во пределот на десната рака.