Уште четири дена еко акција во Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце
Уште четири дена жителите на општините Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце ќе можат да ги остават своите отпадни електрични и електронски апарати како: фрижидери, компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и слично и со тоа да добијат купони за учество во наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“ во организација на компанијата Елколект и општините.
Сите граѓани кои своите дотраени електрични и електронски уреди во периодот на наградната игра ги оставија или ќе ги остават во еко магацините на Елколект поставени во нивните оштини се потенцијални добитници на вредна награда. За наградната игра обезбедени се 20 вредни награди од кои: четири ЛЕД ТВ, четири фотоапарати Sony DSC W800B, четири Gigabyte смарт телефони, четири Пионир ДВД и четири тостери Хјундаи.
Извлекувањето на наградите за учесниците од овие општини ќе се одржи на 28 јуни кога ќе се познати добитниците на наградите кои ги обезбеди Елколект со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk и на веб страната на матичната општина.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден