-->
-->
УС Опен: Федерер против Вавринка во полуфиналето
-->

Вториот носител на УС Опен Рожер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето каде ќе игра против Стан Вавринка, петти носител. И двајцата Швајцарци немаа тешка работа за пласманот во полуфиналето Федерер на Ришар Гаске му препушти седум гема, додека Вавринка загуби осум.
Во женските четвртфинални мечеви беше присутна поголема неизвесност и мечевите беа решени во три сета. Втората носителка Симона Халеп ја победи Викторија Азаренка, додека Флавија Пенета беше поуспешна од Петра Квитова (петта носителка).
Резултати на мечевите од 10.ден:
Федерер - Гаске 3:0 (6:3; 6:3; 6:1)
Вавринка - Андерсон 3:0 (6:4; 6:4; 6:0).
Пенета - Квитова 2:1 (4:6; 6:4; 6:2)
Халеп - Азаренка 2:1 (6:3; 4:6; 6:4).
Вечерва на програмата се женските полуфинални мечеви:
С.Вилијамс - Винчи и Пенета - Халеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
