Тенис
30. August 2016 - 14:11

УС Опен: Фаворитите без проблеми на стартот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал лесно ја забележа првата победа на Грен слемот УС Опен во Њујорк. Тој во три сета беше подобар од Денис Истомин (Узбекистан).
 
За разлика од Надал, првиот носител Новак Ѓоковиќ со еден загубен сет ја започна одбраната на трофејот. Србинот го победи Јиржи Јанович од Полска со 6:3, 5:7, 6:2 и 6:1.
 
Пласман во следната рунда покрај Ѓоковиќ (прв носител) и Надал (четврт носител), од големите фаворити избори и петтиот носител Милош Раониќ (Канада) кој во три сета беше поуспешен од германскиот тенисер Дастин Браун.