Управниот суд денеска ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт
Во Управниот суд за денеска се закажани седум јавни седници на кои треба да се разгледаат тужбите поднесени од коалицијата „Европски фронт“ предводен од ДУИ против решенијата на Државната изборна комисија за парламентарните избори што се одржаа на 8 мај.
Првата седница е закажана во 10:30 часот, а последната во 22:30 часот. Седниците, како што стои на официјалната веб страница, треба да се одржат со временско растојание од два часа.
Коалицијата „Европски фронт“ во изминатите денови на прес-конференции обвини за изборен инженеринг, односно дека преку ДИК се прави обид да им се одземат еден до два пратенички мандати.
Вчера и премиерот на техничката Влада Талат Џафери ги повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна.
- Како премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори имам добиено извештај од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инжинеринг со вонинституционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во ДИК во врска со симптоматичните приговори поднесени од страна на учесниците на изборите, рече Џафери на прес-конференцијата во Владата.
Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ - 18, Коалицијата ВЛЕН - 13, а Движењето ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.
Ново на Сител
-
Автогол и донесе на Франција победа над Австрија
-
Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија
-
Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор
-
Единаесет пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Шефот на НАТО и се закани на Кина
-
Мицкоски треба да го достави предлогот за состав на влада до Собранието
-
Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни
-
Собранието ќе ја одржи петтата седница