Управен суд доби нов објект
Од денеска, Управен суд ќе работи во објектот на поранешната зграда на Министерството за транспорт и врски, зад Собранието.
Објектот има површина од над 2.608 метри квадратни.
Претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини, на свеченото отворање истакна дека со новиот објект се создадени сите неопходни услови за нормално функционирање на судот.
-Обезбедувањето на соодветни услови беше мој предизвик од почеток на мојот мандат во 2017та година. Од денес па натака, ќе користиме судници соодветни на потребите на судот. Ова ќе помогне во подобрување на ефикасноста на судот. Управен сега располага со сите услови за работа во полза на судиите кои секојдневно донесуваат одлуки кои помагаат во подобрување на демократските процеси и приближување до европското законодавство. Нашиот тим неуморно ќе работи во служба на граѓаните. Овој суд е заштитиник на правата на граѓаните кога ќе затаат институциите, изјави Сејдини.
На свеченото отворање на Управен беа присутни претседателите на Врховен суд, Уставен, Кривичен, Државниот јавен обвинител, шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Присутни беа и министрите за политички систем и правда како и шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви