Упис на УКИМ за 2017/2018 во четврток и петок
Во четврток и петок (17-ти и 18 август) ќе биде пријавувањето за упис во прва година во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за претстојната студиска година, слободни се вкупно 10.818 места. Од нив 5865 се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра. Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии.
Кандидатите кои ќе го пропуштат првиот рок за пријавување оваа недела, може да се пријават во вториот рок на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.
Во конкурсот на УКИМ се наведени потребните документи и критериумите и условите за упис, меѓу кои е и положена државна матура.
Ново на Сител
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи