УНИЦЕФ и Здружението на лекари по општа медицина ќе соработуваат за рано откривање на попреченост кај децата
УНИЦЕФ почна со соработка со Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина за да се зајакнат капацитетите на лекарите по општа медицина и специјалистите по семејна медицина за рано откривање и интервенција на попреченост кај децата.
Во текот на соработката УНИЦЕФ, соопштија оттаму, ќе обезбеди поддршка за изготвување едукативен материјал и спроведување обука на лекари по општа медицина и специјалисти по семејна медицина кои во текот на наредните две години ќе го пренесат знаењето на своите колеги во примарната здравствена заштита.
Раното откривање тешкотии во развојот кај децата е клучно за да се обезбеди навремено дијагностицирање и децата да добијат навремена поддршка со што ќе се намалат долгорочните последици врз нивниот развој. Примарната здравствена заштита претставува почетна точка за откривање знаци на попреченост кај децата, а лекарите по општа медицина и специјалистите по семејна медицина се во најдобра позиција да обезбедат пристап на децата со попреченост до соодветни услуги, посочуваат од УНИЦЕФ.
Истакнуваат дека со соработката со Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина продолжува нивната посветеност на обезбедување образование, здравствена грижа и социјална поддршка на децата со попреченост особено во првите години од животот.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија