УНХЦР: На Европа и треба систем за гарантирано преселување на сириските бегалци
Европа треба да предложи гарантирано преселување на сириските бегалци, бидејќи рекорден број луѓе се собираат во Македонија и Грција, поради проблемите во татковината и во соседните држави, објави денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалците.
„Рекордни седум илјади сириски бегалци пристигнаа во Македонија вчера, а околу 30.000 се наоѓаат на грчките острови, вклучувајќи 20.000 на островот Лезбос“, соопшти УНХЦР
- Дискусиите во Европа оваа недела стекнуваат уште поитен карактер, бидејќи е очигледно дека не може да има германско решение на европски проблем, изјави портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Мелиса Флеминг на прес-конференција во Женева.
Таа ги поздрави поединечни предлози на Велика Британија и Франција да прифатат сириски бегалци, но посочи дека прифатни центри треба да бидат изградени во земји како Унгарија и Грција.
- Тие ќе можат да работат само ако има систем за гарантирано преселување, при што европските држави ќе кажат „Да“, ќе прифатиме „ Х“ број бегалци. Ние сметаме дека системот треба да биде за 200.000 луѓе - толку мислиме дека ќе имаат потреба од преселување во европски држави, рече Флеминг.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници