Унгарскиот амбасадор Бенце во работна посета на Гевгелија

Амбасадорот на Унгарија во Македонија Јожеф Бенце, придружуван од економското аташе Ервин Сел и од почесниот конзул Сашо Јанакиевски, кој е директор на Унгарската национална трговска комора во Македонија денеска престојуваа во работна посета на Гевгелија.
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов на гостите им ги претстави можностите за инвестирање во општината, економските капацитети и предности, фабриките од областа на текстилната индустрија, производство на полиетиленски цевки ,преработувачките капацитети за овошје и зеленчук, гевгелиските винарии, како и казино и банскиот туризам.
Франгов нагласи дека 11 градови од Македонија веќе се збратимени со градови од Унгарија и изрази надеж дека Гевгелија ќе биде 12-тиот град кој наскоро ќе се збратими со град од Унгарија.
Гостинската делегација оствари средба и со гевгелиските стопанственици пред кои беа презентирани бизнис можностите на Унгарската трговска комора. Во своето обраќање пред нив, амбасадорот Бенце истакна дека Унгарија најмногу ја подржува Македонија во бегалската криза и тоа не само со испраќање на полициски сили, туку и со финансиска помош.
- Пред извесно време беше исплатена првата транша од финансиската помош во висина од 700.000 евра, а во тек е исплатата и на втората транша. Верувам дека ќе продолжиме да соработуваме и да и помагаме на Македонија, а искрено се надевам дека Гевгелија со својата стратешка погодност и економските потенцијали ќе може да постигне многу поголема стопанска соработка со фирми од Унгарија, рече амбасадорот Јожеф Бенце.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
