-->
-->
Унгарија ривал за 5.место
-->
Македонската младинска ракометна репрезентација денеска во терминот од 14 часот го игра натпреварот за пласман на 5.место на Светското првенство што се одржува во Алжир. Македонија за ривал ја има Унгарија. Избраниците на селекторот Илија Темлковски досега на шампионатот постигнаа четири победи (Русија двапати, Алжир, Буркина Фасо и Бразил) и загубија три натпревари (Шпанија, Тунис и Франција). Во натпреварите за пласман од 5-8 место вчера Македонија ја победи Русија со 36:27, а Унгарија беше подобра од Тунис со 34:30.
Во финалето ќе играат Данска и Шпанија, кои синоќа остварија победи над Германија и Франција, кои пак ќе играат за бронзениот медал. Резултати од полуфиналните натпревари: Данска – Франција 37:34 и Шпанија – Германија 26:21.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори