Унгарија, Бугарија и Србија ќе градат гасен систем за поврзување со „Турски поток“
Унгарија постигна договор со Бугарија и Србија за изградба на систем за пренос на гас, кој би се надоврзал на втората траса од гасоводот „Турски поток“, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
- Унгарија е заинтересирана за дистрибуција на гас од „Турски поток“ по изградбата на неговата втора траса, изјави Сијарто во Москва по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Сијарто истакна дека Унгарија апелира до ЕУ да не прави пречки за изградбата на „Турскиот поток“.
- Западна Европа може да купува гас од северната рута. Ние од Централна Европа сакаме иста таква можност. Сакаме Западна Европа и Брисел да не ставаат пречки, со цел да имаме можност да добиваме гас и од југ, изјави Сијарто, најавувајќи дека во 2020 година Унгарија ќе купи над четири милиони кубни метри гас од Русија.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата