УНДП: Примена на иноватни решенија од Србија за корона кризата во Македонија и Албанија
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Србија објави јавен повик за финансирање на иновативни решенија што можат да дадат одговор на последиците од пандемиската криза „Ковид-19“ во Македонија и Албанија, како дел од официјалната развојна помош на Србија во рамките на иницијативата „Мини Шенген“, јави допсиникот на МИА од Белград.
Целта на јавниот повик, како што е наведено во соопштението на УНДП, е да им се овозможи на јавните и приватните компании, како и на академските и истражувачки институции од Србија да им пренесат иновативни решенија на партнерски компании и организации во Македонија и Албанија, чијашто примена може да ги ублажи социо-економските последици од пандемијата и да придонесат за закрепнување на земјите од кризата.
-Пандемијата Ковид-19 ќе има широко и далекусежно влијание врз здравјето и економската благосостојба на луѓето. За да може регионот на Западен Балкан да одговори на овие предизвици и да изгради отпорност на оваа и идните кризи, неопходен е заеднички одговор на повеќе земји, оценија од УНДП.
На конкурсот можат да се пријават компаниите од приватниот сектор, јавните претпријатија, универзитетите и истражувачките институти регистрирани во Србија .
Областите во кои тие можат да понудат решенија се: новите дигитални услуги, бесконтактни економски активности и „здравје и благосостојба“ на населението.
-Кандидатите можат да аплицираат за веќе применет нов пристап, производ или услуга, а можат да предложат физибилити студија што ќе го тестира предложеното решение, се наведува во јавниот повик.
Рокот за пријавување истекува на 28 јуни, а деталните упатства за аплицирање на јавниот повик може да се најдат на порталот на УНДП во Србија.
Јавниот повик е покренат како дел од проектот „Рамка за забрзување на постигнувањето на целите на одржлив развој“, финансиран од Владата на Србија, а го спроведува УНДП.
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки