Умерен земјотрес го погоди Загреб
Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ.
Споед неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња.
Со напомена дека се уште се работи на утврдување на точната јачина на земјотресот, Иваничиќ истакна дека се очекуваат и дополнителни земјотреси.
Засега нема информации за евентуални жртви и колкава штета е причинета.
Според некои информации, земјотресот се почувствувал и во Риека и во Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Во целиот град се огласиле аларми на автомобилите, а според првичните информации, во становите е причинета значителна штета.
Според Европската сеизмолошка служба, потресот бил со интензитет од 5,2 степена и епицентар 12 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километра под површина на земјата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници